Кои се привилегиите на шефот на државата по завршувањето на мандатот
Вториот мандат на претседателот Ѓорге Иванов му истекува утре. Неговиот кабинет побарал од владината Служба за општи и заеднички работи да му бидат доделени канцеларии што ќе ги користи по престанокот на функцијата. Од СОЗР велат дека писменото барањето од Иванов што пристигнало вчера претпладне, ќе биде одобрено. Станува збор за канцелариски простор што досегашниот шеф на државата веќе го нашол и бара да биде склучен договор за негово изнајмување.
Според Законот за правата на претседателот и неговото семејство по престанок на функцијата, тој има право на пензија чиј износ е еднаков со износот на платата што ја прима претседателот на државата, има право на канцелариски простор и најмногу три соработници. Има и право на лично обезбедување, како и право на користење службено возило и возач.
Законот предвидува и да учествува на државни свечености и манифестации редоследно по претседателот на Републиката, претседателот на Собранието, претседателот на Владата и претседателот на Уставниот суд.
Според Законот, парите се обезбедуваат од Буџетот. Во случај на смрт на претседателот за време на мандатот, пензијата намалена за 30 отсто ја користат неговиот брачен другар и неговите малолетни деца до завршување на редовното школување, односно до наполнети 26 години возраст. Исто така имаат право на месечен паричен надоместок кој е еднаков со износот на платата што ја прима претседателот и ова право брачниот другар го користи трајно.
Од поранешните претседатели, Бранко Црвенковски има доживотна претседателска пензија и кабинет. Семејството на загинатиот претседател Борис Трајковски, неговата сопруга Вилма и децата имаат други права предвидени со Законот.
Според Уставот и законот, доживотните привилегии еден поранешен претседател може да ги загуби само ако бил разрешен со импичмент или ако Уставниот суд констатирал за време на мандатот дека претседателот има деловна неспособност.
Ново на Сител
-
Единаесет приведени во акцијата за сомнителна набавка на деривати
-
Тема на денот со Никола Додевски, адвокат
-
Во буџетот нема пари за субвенционирање на придонесите за минималец од 500 евра, велат експерти
-
Единаесет приведени во акцијата за сомнителна набавка на деривати
-
Само еден тендер за мазут преку компанијата на Капушевски е објавен на електронски систем
-
Собранието изгласа недоверба на 5 члена на Судски
-
Единаесет приведени во акцијата за сомнителна набавка на деривати
-
ИЈЗ: Загадениот воздух се поврзува со смртта на околу 4000 луѓе годишно во Македонија