Кога довербата и грижата растат заедно со децата - Четврта година партнерство меѓу Flex Credit и СОС Детско село

Постојат соработки кои се мерат со буџети, и постојат партнерства кои се мерат со истрајност. Во годината кога СОС Детско село го одбележува својот голем „сребрен“ јубилеј, 25 години посветеност на децата – Flex Credit ја официјализираше својата четврта последователна година како нивн верен сојузник. На 25-ти март, во пресрет на новиот пролетен циклус, двете страни потпишаа договор кој е многу повеќе од формалност.
Тоа е ветување дека ниту едно дете не треба да расте само. Со донација од 300.000 денари наменета за програмските активности, Flex Credit директно инвестира во најважното: сигурноста, едукацијата и топлината на домот за децата без родителска грижа. Оваа четиригодишна релација веќе ја надмина рамката на корпоративна поддршка.
Таа стана жива приказна во која се вклучени и вработените на компанијата, кои низ заеднички активности и менторство, стануваат дел од секојдневието на децата. „За нас, партнерствата како ова се показател дека вистинските вредности се градат со време. Четири години заедничка работа значат доверба, посветеност и конкретни резултати.
Продолжуваме со иста енергија, но со уште поголема амбиција да придонесеме таму каде што е најпотребно,“ изјави генералната директорка на Flex Credit, Јоана Спасовска.
Додека СОС Детско село ги слави своите 25 години како светилник на надежта, Flex Credit ја зацврстува својата мисија, дека успехот на една компанија е целосен само тогаш кога таа активно придонесува за создавање на поинклузивно и похумано општество.
Комерцијален текст
Ново на Сител
-

Посебен режим на сообраќај во Скопје во недела поради меморијална трка
-

Алиу најави можност лекар да евидентира во систем ако забележи пациент кој претрпел насилство, а не го пријавил
-

25-годишна девојка со автомобил удрила велосипедист на Партизанска и тешко го повредила
-

Јаневска за незаконските уписи на Филозофски: Сериозно ќе го разгледам извештајот и ќе постапам како што одлучил Инспекторатот
-

Турција забрани користење на социјални мрежи за деца под 15 години
-

На ГП Долно Блаце уапсен Турчин баран со потерница од Интерпол
-

Уапсени 12 возачи за безобѕирно управување возило, еден од нив возел со 3,95 промили алкохол во крвта
-

18-годишна трудна девојка од Шуто Оризари силувана од поранешен партнер
