Македонија
20. July 2018 - 12:13

Коѕијас: Северна Македoнија не, јас сакав да се вика „Северна Алјаска“

Северна Алјаска наместо Северна Македонија за Никос Коѕијас било многу по прифатливо, но шефот на грчката дипломатија тврди дека претходните влади веќе го вклучиле името Македонија во процесот.

Во грчкото МНР тој говорејки за правните аспекти на догопворот од Преспа ги убедуваше присутните дека договорот носи приодожбивки за двете земји, а клучот во преговорите било името, неповредливопста на границите и постоењето или не на малцинство.

- Прашајте ме дали ми се допаѓа Северна Македонија. Не. Јас ќе сакав да се викаат Северна Алјаска, но веќе постоеше согласност за сложено име што ќе го содржи терминот Македонија. Терминот со децении постоеше во преговорите и сметам дека е неетички оние кои дадоа завршени работи да се претставуваат како поддржувачи на име што нема да содржи Македонија, рече Коѕијас.

Одговарајки на обвинувањата од опозицијата Коѕијас вели дека поканата за членство во НАТО е условена со имплементација за сите обврски од договорот.

Лидерот на грчката опозиција, Мицотакис пак ја предупреди власта во Атина да не го меши проблемите во грчко-руските односи со договорот од Преспа, тврдејки дека протестите не се поддржани од трети фактори. 

-Да не ги мешаме двете прашања. Очигледно, грчкото општество не реагира за Договорот, бидејќи е поттикнато од некој. Реагира за Договорот бидејќи е лош Договор рече претседателот на Нова демократија, Кирјакос Мицотакис.

Мицотакис уште еднаш го повтори ставот на неговата партија дека не се согласуваат со Договорот и нема да гласаат за ратификација во парламентот.