Коѕијас: Направен е напредок кон решение за името, неопходен е компромис
Шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас денеска во Белград изјави дека е направен чекор напред во решавање на спорот за името и оти за негово затворање е потребен компромис.
- Реализам и прагматизам е клучот на решението. Потребен е компромис, но не гнил компромис. Двете страни мора да разберат дека не можат да добијат се, изјави Коѕијас по средбата со српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ.
Шефот на дипломатијата на Србија, пак, рече дека директните разговори и барањето заеднички интереси се најделотворен начин за отстранување на проблемите „кои задираат во минатото, традицијата и историјата на регионот“.
Истакна дека Србија има разбирање за ставот на Грција и го повтори неговиот повеќепати искажан став дека признавањето на Македонија под уставното име бил „непромислен потег“ на Белград.
Според Дачиќ, однесувањето на Македонија кон Србија „не било адекватно“, посочувајќи го македонското признавање на независноста на Косово.
Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас вечер од Белград доаѓа во Охрид каде што утре ќе има средба со шефот на македонската дипломатија Никола Димитров.
Ново на Сител
-
Сиљановска: Жените да атакуваат на највисоките позиции
-
Македонија на венециското биенале
-
Зелено претприемништво за млади
-
Преглед на вестите од светот
-
Oпштокорисна работа за вандалите и нивните родители кои ќе уништуваат јавни површини
-
Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
-
Анализа: Како да се справиме со негативното влијание на интернет просторот?
-
Д-р Беќаровски: Труење со поголема количина на парацетамол предизвикува неповратно оштетување на црниот дроб