Македонија
24. January 2018 - 23:58

Коѕијас на твитер: Ставаме крај на иредентизмот

Шефот на грчката дипломатија, кусо по завршувањето на средбата во Давос и изјавите на премиерите на двете земји, се огласи на твитер.

Никос Коѕијас, рече дека со надворешната политика, грчката влада става крај на иредентизмот, но конкретниот твит, е наменет повеќе за внатрешна употреба, односно во Грција се коментира како напад и критики до опозициската Нова демократија.

- Со нивната инерција дозволија да се градат„ иредентистички Александровци Велики“. Со нашата надворешна политика ставаме крај на иредентизмот. Народот ќе види и ќе суди. Условите се создаваат со нашата активност, а не со глупави инерции, напиша на твитер шефот на грчката дипломатија.