Македонија
15. January 2019 - 9:07

Десет сообраќајки во Скопје изминатите 24 часа

Девет лица се здобиле со лесни телесни повреди во шест од вкупно 10 сообраќајки во текот на вчерашниот ден, а во четири била причинета материјална штета.

Од СВР Скопје информираат дека вчера сообраќајната полиција санкционирала 23 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, четворица возачи поминале на крстосница на црвено светло, двајца возачи не дале првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, еден возач за неправилно престројување, осум возачи не поседувале пропишана зимска опрема во возилата, двајца возачи за не носење сигурносен појас и тројца возачи за користење мобилен телефон за време на управување на моторното возило. Санкционирани биле и 13 пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин и еден пешак кој поминал коловоз на црвено светло.

Од сообраќај биле исклучени вкупно 17 возачи, од кои 15 возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило и двајца возачи почетници, како и 12 нерегистрирани возила.

Затекнати биле 72 возила непрописно паркирани, а со помош на  специјалното возило пајак, отстранети биле 59 возила.

Одделението за превенција  денеска ќе реализира посебна воспитна мерка сообраќајна поука, на која ќе   присуствуваат  граѓани учесници во сообраќајот кои сториле прекршоци по разни основи во својство на  пешаци.