Коѕијас го претставил дополнетиот нацрт-договор што ќе го донесе во Скопје
Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас синоќа на неформален состанок на Владата во Атина ги претставил клучните аспекти од нацрт-договорот што ќе им биде доставен на властите во Скопје.
Коѕијас, како што објавува грчка „Иефмерида“, ги презентирал и новите елементи кои дополнително биле додадени во нацрт-документот, пренесува МИА.
Според извори во грчкото МНР, Коѕијас би можел следната недела да допатува во Скопје за да го достави нацрт-договорот. Грчката страна во меѓувреме сака да спречи делови од содржината на документот да протечат во јавноста, како и да избегне дипломатските консултации да се префрлат на насловните страници во медиумите. За таа цел, Коѕијас лично ќе му го достави грчкиот Нацрт-договор на шефот на македонската дипломатија Никола Димитров.
Главна пречка, како што истакнува „Иефмерида“, останува барањето за промена на македонскиот Устав како гаранција на договорот за името.
Ново на Сител
-
23 Oктомври – Ден на македонската револуционерна борба
-
Се уште се трага по исчезнатиот 60 годишен стружанец
-
Преглед на вестите од светот
-
Граѓаните ќе може да ја тужат државата пред Управен суд поради загаден воздух
-
Тема на денот со Агим Јонуз, политички аналитичар
-
Мицкоски во посета на Австрија
-
Преглед на вестите од светот
-
Со месеци се чека скен на коски