Коѕијас: Договорот е вин-вин за двете страни
Надеж дека граѓаните ќе гласаат позитивно на референдумот изрази шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас во интервју за рускиот весник „Известија“, бидејќи смета дека договорот е добар, вин-вин и урамнотежен.
- Мислам дека референдумот е еден дел од ратификацијата на договорот согласно со одлуките на раководството на Северна Македонија. Треба да се добие референдумот за да биде ратификуван договорот. Интеграцијата на Северна Македонија во НАТО и ЕУ е избор на оваа држава. Ние едноставно нема да ги спречиме и ќе им помогнеме на нивниот европски пат. Да знаете дека решението на овој проблем им служи на националните интереси на Северна Македонија и на Грција. Тоа е проблем што формално постои 25 години, а реално 75 години, рече Никос Коѕијас во интервјуто за весникот, направено по повод неговата посета на Москва и средбата со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, јави дописничката на МИА од Атина.
Ново на Сител
-
Одбележување на 5 Maj - Денот на македонскиот јазик
-
Православните верници го слават Велигден
-
ЦУК: Имаше пожар во Домот за стари лица во Банско
-
Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби
-
Италија ја исклучи можноста за воена интервенција во Украина
-
Русија распиша потерница и за командантот на копнените сили на Украина, Пављук
-
Шолц го осуди нападот врз европратеник од германската Социјалдемократска партија
-
Состојба на патиштата