Коцијанчич: ЗСО да биде формирана колку што е можно побрзо
Маја Коцијанчич, портпаролка на високата претставничка за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини, изјави дека Европската унија очекува Заедницата на српски општини (ЗСО) да се формира колку што е можно поскоро.
- ЕУ очекува, во рамки на дијалогот, односите меѓу двете страни дополнително да се нормализираат и ЗСО да бидат формирани што поскоро, нагласи Коцијанчич, по повод изјавата на поранешниот командант на Ослободителната војска на Косово и актуелен кандидат за косовски премиер, Рамуш Харадинај.
Претходно Харадинај наведе дека, доколку тој биде нов премиер на Косово, нема да има место за ЗСО.
Коцијанчич за „Новости“ изјави дека Договорот за ЗСО е постигнат меѓу двете страни во дијалогот што го олеснува Унијата.
- Очекувам дека конструктивната посветеност, што ја покажаа двете страни на последниот состанок во рамки на дијалогот, ќе продолжи во неделите и месеците што следат, истакна портпаролката на Могерини.
Ново на Сител
-
Вучиќ: Тајван е Кина и точка
-
Одбележување на годишнината од масовното убиство во Мало Орашје и Дубона
-
Во Пустец откриена спомен-биста на Гоце Делчев
-
Во црквата „Св. Спас“ одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Тешка сообраќајка во Прилеп: Се судриле камион и мопед, возачот на камионот избегал
-
Нова авиолинија Скопје-Рига-Скопје
-
Кривична пријава против две лица, расчистени 4 кривични дела, одреден притвор
-
За изборите на 8 мај акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи