Кочанските средношколци вклучени во меѓународен проект „Ние сме попаметни од технологијата“

Ученици и професори од СОУ „Љупчо Сантов“ од Кочани се домаќини на нивни врсници и колеги од Турција, Норвешка, Италија, Романија, Северна Македонија и Словачка во рамки на проектот „Ние сме попаметни од технологијата“ што се реализира со поддршка од програмата Еразмус + на ЕУ.
Во текот на еднонеделниот престој во Кочани учесниците во проектот ќе работат на стекнување нови вештини и сигурност во комуникацијата преку современата ИКТ технологија, како и за осознавањето на важноста за добро однесување на социјалните медиуми.
– Во развојот на современиот свет невозможно е да се игнорира напредокот во образованието без технологијата која има моќ да го обликува општествениот и индивидуалниот живот. Токму затоа, целта на сите учесници во меѓународниот проект е да научат нови и непознати искуства за технологијата и потоа истите да ги споделат со соучениците, роднините и пријателите. Во исто време нашите ученици ќе добијат нови знаења со користење на повеќе сензорни органи, ќе го унапредат познавањето на англискиот јазик во областа на информатичката технологија, а ќе се запознаат и со културата и традициите на другите европски народи, истакна Игор Христов, директор на СОУ „Љупчо Сантов“.
Во соработка со кочанската полициска станица учениците учествуваа на работилница на која беа презентирани современи форми на сајбер криминал, а во наредните денови се планирани слични активности за обука и едукација за безбедност при користење на електронска комуникација.
Проектот „Ние сме попаметни од технологијата“ ќе трае две години, при што нашите средношколци ќе учествуваат на слични работилници што во март и мај наредната година ќе се одржат во Романија и Словачка.
Ново на Сител
-

Мерц побара Иран да престане да го дестабилизира Блискиот Исток
-

Ноќеска дожд, утре променливо облачно и постудено, наместа ветер над 60 км/h
-

Распишана централна и меѓународна потерница по Михаилова Ива
-

Казни од 500 до 1.500 евра за младите во Хрватска доколку не се јават на преглед за воен рок
-

Бугарскиот амбасадор повикан во МНР: Пpечекот на Ива Михајлова во Софија е провокација и ги подрива напорите за добрососедство
-

Вонредна ситуација на аеродромот во Нирнберг: Целосно запрен авиосообраќајот, ангажирани и борбени авиони
-

Клековски: Вакцинацијата против сезонски грип треба да почне од 16 до 25 октомври
-

Тошковски и Руф ја потврдија заложбата за продлабочување на македонско-австриската полициска соработка
