-->
-->
Кочанчанец со возило излетал од патот, повредени 5 малолетници
-->

На 21.01.2026 во 20:30 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на магистрален пат кај место викано „Двојни кривини“ во атар на с.Уларци, патничко возило „фолксваген туран“ со кочански регистарски ознаки, управувано од Н.С.(41) од Кочани, излетало од патот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила 16-годишната сопатничка од с.Спанчево, додека со телесни повреди се здобиле тројца 16-годишници од с.Чешиново, с.Спанчево и с.Кучичино и 14-годишна малолетничка од с.Чешиново, констатирани во Клиничка болница Штип.
Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Кочани.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Една година од трагедијата во Кочани
-

Тема на денот со Петре Шилегов, адвокат
-

140-тина повредени во “Пулс” добиваат континуирана медицинска поддршка
-

Во спомен на загинатите во Кочани
-

Утре ќе се објават новите цени на горивата, се стравува од подгревање на инфлацијата
-

Војната на Блискиот Исток не се смирува
-

СДСМ обвинува за енергетска мрежа поврзана со Мицкоски и регионални компании
