Македонија
14. September 2024 - 16:33

Коцевски потврди: Сослушани три лица, а за едно предложено мерки за претпазливост

Три лица кои беа уапсени под сомнение дека со перење пари, затајување на данок и измама го оштетиле државниот буџет се сослушани пред јавен обвинител, а за едно од нив е предложено мерки за претпразливост - одземање на патна исправа и обврска да се јавува повремено на определено службено лице или кај надлежен орган, потврди обвинителството.

Јавниот обвинител Коцевски вели дека по оформувањето на предметот и барањето за претрес во фирми и домови, акцијата била успешна.

Министерот за внатрешни работи Тошковски во изјава за трилинг вели дека битката со криминалот била почната. Имало многу докази за криминал кај довчерашни високо позиционирани политичари, но детали во момемнтов не можел да сподели.

Осомничените се товарат дека со перење пари, затајување на данок и измама го оштетиле државниот буџет за десетици милиони евра. Во акцијата, полицијата пронашла дијаманти и голема сума на кеш во претресите направени на неколку локации во Струмица, Скопје и Гостивар.

Неофицијално откриени се и косовски државјани кои формирале фирми кои соработувале со струмичкиот бизнисмен кој важи за близок на високи функционери од поранешената власт.

Во јавност веќе споделуваат информации дека акцијата може да се прошири и кон поранешни носители на државни институции, како поранешната директорка на УЈП . Лукаревска не сака да ги коментира ваквите информации.