Коцевски: Обвинителството ќе постапи професионално во случајот со Фросина Кулакова, делумно се во право граѓаните дека системот е виновен
Државниот јавен обвинител, Љупчо Коцевски денеска истакна дека Обвинителството ќе постапи професионално во случајот на Фросина Кулакова, 22-годишната модна дизајнерка од Неготино која беше прегазена на пешачки премин на бул. „Партизански Одреди“ од страна на 20-годишниот Васил Јованов од Скопје, кој возел пијан, без возачка дозвола и минал на црвено светло, додека таа минувала на пешачки премин.
- Длабоко сочувство до семејството и блиските роднини на сега покојното девојче, навистина се работи за изгубен млад живот кој не може да се надомести со никаква казна. Ги убедувам граѓаните дека Јавното обвинителство ќе постапи согласно законските одредби, ќе биде транспарентно во оваа постапка, ќе знаат граѓаните како ќе се одвива и во која насока ќе одат доказите, рече Коцевски во емисијата „DailyClick“.
Тој нагласи дека граѓаните делумно се во право кога велат дека системот е виновен.
- Дел сте во право затоа што и дел од законските одредби се такви што само ЈО, па и судот може да применат закон таков како што постои. Со измените на Кривичниот законик се воведе и ново кривично дело - безобзирно возење, меѓутоа не се избриша одредбата од прекршочната постапка, каде што исто така дел од дејствијата што се во тоа кривично дело опфатени се и во законот за прекршоци. Во случај на пречекорување на брзината на возење, полицијата откако ќе утврди може да поднесе Прекршочна постапка и таа постапка оди директно во Судот, што значи дека елементите на кривичното дело се опфатени и во ова, и тука треба праксата да се воедничи, додаде државниот јавен обвинител.
Коцевски вели дека се испитува дали возачот кој ја удрил Фросина го извршил делото со умисла или во небрежност.
- Јавниот обвинител ќе испита дали може да се работи евентуално и за умисла со оглед дека истиот доколку бил под дејство на алкохол, немал возачка дозвола, возел со многу, многу поголема брзина од дозволената и поминал на црвено светло, ќе видиме во текот на постапката дали има место за тоа дали кривичното дело го сторил со умисла. Воглавно скоро сите кривични дела се извршуваат во сообраќајот од небрежност, рече тој.
Коцевски се осврна и на тоа колку ги загрижува присуството на мобилен телефон кај возачот кој ја прегази Фросина во затворот. Посочува дека јавувањето на мобилен телефон на Васил од затворот не верува оти ќе има последици врз случајот.
- Во конкретниов случај не може многу да влијае бидејќи се работи за сообраќајка каде има обезбедено материјални докази, не е спорно дека поминал на црвено светло, ќе се утврди колку бил под алкохол односно колку бил процентот под алкохол. Брзината ќе се утврди како и начинот како возел, така да мислам јавувањето на телефон нема да има суштинско значење во постапката, додава Коцевски.
На 20-годишниот скопјанец осомничен за смртта на Фросина му беше определена мерка притвор од 30 дена, а за него и претходно имало кривични пријави за друга сообраќајна незгода и за недозволена употреба на дрога.
Ново на Сител
-
Четврти ден се трага по Миле Тодоров од Неготино
-
Намален бројот на работници во индустријата
-
Историски максимум на цената на кафето арабика на берзите
-
МОН: Јаневска на самит во Будимпешта, ќе се продлабочува соработката помеѓу Западен Балкан и Унгарија
-
Георгиев: Годинава нема заедничко чествување на Гоце Делчев
-
Околу 600 вработени во централата на УСАИД во Вашингтон добија забрана за влез во Агенцијата откако Маск најави нејзино затворање
-
Во средните училишта се спроведува проект за популаризација на воената професија
-
Трите лица во Црвени Брегови пронајдени во импровизиран верски објект починале од труење со јаглерод моноксид