Коцевски: Истрагата за пожарот во Кочани мора да заврши во законски предвидениот рок од 90 дена, односно до 16-17 јуни

Истрагата за пожарот во Кочани мора да заврши во законски предвидениот рок од 90 дена, односно до 16-17 јуни, вели Државниот Јавен обвинител Љупчо Коцевски. На овој тежок и комплексен случај со 62 жртви, Коцевски нагласи, дека деноноќно работат 13 јавни обвинители и со ваквиот интензитет на преземање дејствија истрагата ќе заврши навремено.
Коцевски, во интервју за Алсат М, посочи дека сега истрагата се работи за едно кривично дело „тешки дела против општата сигурност“ и ЈО тргнува од денот на настанот одејќи наназад до 2012 година кога дискотеката почнува да функционира, откога се сторени прописти, додека на крај на истрагата ќе се донесе обвинение во кое ќе биде образложено секое дејствие на секој потенцијален обвинет и ќе се утврди за кое точно дело евентуално може да се работи.
-Во конкретниот случај се опфатени неколку институциии. Дирекцијата за заштита и спасување, Општината како локална власт, Државен пазарен инспекторат и Министерството за економија, како издавач на лиценците. Секој имал одредени надлежности и тимот на јавни обвинители цени дека причинско-последичната врска е смрт на лицата кои биле во дискотеката. Пропусти што довеле до ова имало секоја година, што значи дека тие имаат еден каузалитет. Секоја година се пропуштале да се преземат одредени дејствија, појасни Коцевски.
Проширување на истрагата со нови лица, кои евентуално може да бидат осомничени и потоа обвинети, според Коцевски, може да се очекува до последниот ден на истрагата.
За вчерашната средба со родителите на семејствата на настраданите во пожарот, Коцевски рече дека дел од родителите поставиле одредени прашања кои им биле одговорени, нагласувајќи дека сето она што требало да им биде соопштено во оваа фаза, согласно закон, било соопштено.
-ЈО не е превентивен орган, туку репресивен. Обвинителството не може да постапува по допрен глас и да знае дали дискотеката има или нема одобрение за работа и дали таму се дистрибуираат наркотични средства... тоа е надлежност на МВР и другите институции. Откако МВР или другите институции ќе спроведат акција и доколку има евентуално елементи на некое кривично дело тогаш се известува Обвинителството, истакна Коцевски.
Во однос на обвинувањата за политичко водење на истрагата и за притворот на Крешни Бектеши, Коцевски, рече дека во никој случај обвинителскиот тим не држи без причина никој во притвор, ниту, како што рече, министерот Бектеши.
-Битно за притворот е дали може да влијае на сведоци, да ја повтори постапката и дали евентуално ќе се даде во бегство. Во конкретниот случај министерот, и не само тој, и дел од останатите осомничени се наоѓаат во притвор, но тоа не значи дека мора да останат во притвор. Се до моментот кога јавните обвинители ќе оценат дека има услови за определување притвор тие може да поднесат предлог и судот одлучува по тоа дали ќе определи или не, односно дали ќе го продолжи притворот или не, појасни Коцевски.
Прашан како гледа на тоа што ниту еден од актуелните министри во Владата не се обиде ниту да поднесе морална оставка, Коцевски, рече дека тоа е нивна лична одлука и не може да коментира.
Во однос на „Беса транс“ и „модуларната болница во Тетово“, Коцевски рече дека обвинителство и судот постапуваат по овие случаи и дека се ноаѓаат во второстепена постапка. Едниот е укинат и повторно вратен во првостепена постапка, а другиот се чека одлука пред Апелација.
Ново на Сител
-

Централен одбор на ДУИ: Избрани нови претседатели на локални ограноци, Арта Биљали Зендели нов портпарол
-

Без вода утре дел од улицата „Наум Наумовски Борче“ во Центар
-

Изречени казни кон правни лица - загадувачи во Скопје, објави градоначалникот Ѓорѓиевски
-

Почина Васил Рингов
-

Двојно зголемени казни за модуларната во Тетово
-

Мицотакис за протестите на земјоделците: Нема да подлегнеме на уцени од оние кои бараат, а не се подготвени на дијалог
-

Сиљановска - Давкова: Ако има решение за Украина и Молдавија, лесно ќе се најде и за нас
-

Кривична пријава за злоупотреба на службена положба во кошаркарски клуб Куманово
