Македонија
7. December 2016 - 17:46

Коалицијата за промени и правда на средби со прилепчани

Коалицијата за промени и правда и носителот на листата во четвртата изборна единица Слободан Богоески денеска имаа средби со прилепчани. На средбите, изјави Богоески, Коалицијата ги повика граѓаните масовно да излезат на избори в недела на 11 декември.

- Граѓаните масовно да излезат на избори зашто се од судбинско значење за опстанокот на Македонија. Овие избори имаат исто значење како референдумот од 8 септември 1991 година. Ги повикуваме сите да гласаат за Коалицијата за правда и промени. Се надеваме на голем успех, а судбината на државата е во рацете на народот, а така ќе биде и во иднина, рече Богоески.