Кнут Флекенштајн именуван за советник на албанскиот собраниски спикер

Поранешниот европратеник и поранешен известувач за Албанија, Кнут Флекенштајн е назначен за советник на претседателот на албанскиот Парламентот, Грамоз Ручи. Флекенштајн, кој ќе работи како советник за интеграција во кабинетот на собранискиот спикер, на Твитер напиша дека албанскиот Парламент има многу значајна улога во процесот за членство во ЕУ.
– Среќен сум што започнавте да работите кон полноправно членство на Албанија во ЕУ. Албанскиот Парламент има многу значајна улога во овој процес. Му благодарам на
претседателот на Парламентот за дадената доверба. Со нетрпение очекувам да работиме сите заедно, напиша тој на Твитер.
Новата функција му ја честиташе и му поска добредојде Таулант Бала, координатор на пратеничката група на владејачката Социјалистичка партија.
– Добредојдовте Кнут Флекенштајн за да работиме заедно, за да не советувате за исполнување на нашите обврски за членство во ЕУ. Албанскиот Парламент останува посветен за напорно работење, одобрување и спроведување на реформите, во координација со нашите клучни партнери, особено ЕУ и САД, напиша Бала.
Кнут Флекенштајн е роден на 20 декември 1953 година и е германски политичар и поранешен член на Европскиот парламент од Германија. Член е на Социјалдемократската
партија на Германија, која е дел од Партијата на европските социјалисти.
Ново на Сител
-

Даниловски за хантавирусот: Крајно време е да научиме да правиме разлика меѓу реален јавно-здравствен ризик и алгоритамски произведен страв
-

Нултиот пациент кој заболел од хантавирус на крузерот „Хондиус“ бил холандски орнитолог
-

Недела на сестринството, министерот Алиу најави поддршка за медицинските сестри и акушерки
-

Вкупно девет пријави во последното деноноќие за семејно насилство
-

Во Хрватска се повеќе случаи на намерно самоповредување, најлоша е ситуација кај тинејџерките
-

Андоновски: Инвестирањето во технолошките паркови е инвестиција во идеи, талент и иднина
-

ФАО: Цените на храната растат поради конфликтот на Блискиот Исток
-

Хуманитарна планинарска прошетка за родители и деца во организација на ЗПСК Кожуф
