„Книговодителот од Аушвиц“ осуден на четири години затвор
Судот во германскиот град Лунебург денеска го осуди поранешниот чувар во нацистичкиот логор на смртта „Аушвиц“, 94-годишниот Оскар Гронинг, на четири години затвор.
Гронинг, кој е познат како „книговодителот од Аушвиц“, е прогласен за виновен поради учество во „одземањето и евидентирањето на личниот имот“ на затворенците при нивното доаѓање во логорот.
Во текот на процесот тој се бранеше дека нема сторено никакво кривично дело, дека никого нема убиено, но ја призна својата „морална вина“ за сето она што се случувало во Аушвиц.
Неговите адвокати тврдеаа дека Гронинг „не бил дел од извршениот геноцид“, но германското обвинителство остана на својата првична позиција дека тој со својата работа придонесувал за постоењето и одржувањето на логорот.
Судењето на Гронинг за кое се верува дека е едно од последните на кои им се суди на поранешни нацисти за злосторставата сторени во текот на нацизмот и Втората светска војна, предизвика полемика во германската јавност.
Станува збор за дилемата дали тој треба да биде пратен во затвор со оглед на неговите години и дали треба да им се суди и на оние. кои како овој кииговодител, имале сосема „минорна улога“ во спроведениот нацистички геноцид.
Во едно интервју од 2005 година, Оскар Гронинг признал дека ги гледал гасните комори и крематориумот.
- Бев на рампата, каде се правеше селекција кој од пристигнатите логораши веднаш ќе биде испратен во гасната комора, изјави тогаш Гронинг.
Логорот „Аушвиц“ е изграден во 1940 година, само неколку месеци по окупацијата на Полска и почотокот на Втората светска војната. Во времето на неговото затворање, пет години подоцна, логорот се простирал на површина од 40 квадратни километри.
Еден милион полски и европски Евреи беа убиени во овој логор, а покрај нив беа ликвидирани и Роми, Полјаци, советски воени заробенци, инвалидизирани и хендикепирани луѓе, политички дисиденти на режимот и хомосексуалци.
Ново на Сител
-
Монструмот откако ја убил малата Данка седнал да руча во летниковецот
-
Пронајдено бебе во контејнер во близина на Загреб
-
173 санкции за брзо возење
-
Силјановска Давкова ќе се сретне со со евроамбасадорот Гир и италијанскиот амбасадор Силвестри
-
ЦУК: Забрана за движење кај стрелиштето „Леково“, пожари во Кавадарци и Велес
-
Путин во посета на Кина на 16 и 17 мај
-
Синдикатот на просветни работници во Србија в четврток ја прекинува работата во сите училиштата поради загрозена безбедност
-
Герапетритис: Бараме усогласување со Договорот од Преспа, не е прашање на самоопределување, туку почитување на договореното