Бизнис
7. February 2024 - 21:15

Клуч на врата за казината и обложувалниците, усвоен законот за игри на среќа

Клуч на врата за казината и обложувалниците кои се блиску до школите. Пратениците по скратена постапка го изгласаа Законот за игри на среќа, со кој се забранува да има било какви објекти за организирање игри на среќа најмалку 500 метри од основните и средни училишта. Такви се 98% од казината, велат од  Асоцијацијата на обложувалници. Апелираат - претседателот Пендаровски да не го потпише указот. Од кабинетот на Пендаровски велат -  прво да го разгледа, а потоа ќе се изјасне за законот. Претходно Пендаровски изјави дека нема да стави потпис на законот бидејќи се злоупотребува европското знаменце. Откако ќе се изгласа, казината имаат рок од една година да ги дислоцираат објектите.

Законот предвидува период на адаптација од 1 година, но не постои простор каде може да се направи таа дисслокација. Структурата на градовите, густината е таква што не дозволува простор од 500 метри надвор од училишта, каде може да се направи таква дислокација. Едноставно, тоа е сведено на нула, изјави Васко Илијовски, АСОМ.

Со законот речиси двојно се зголемува и сумата за лиценци. За  обложување од 105 илјади евра лиценцата ќе чини 200 илјади евра, а на 25 се ограничува и бројот на уплатно исплатни места со една лиценца. Лиценцата за автомат клубовите од 79 ќе скокне на 100 илјади евра.  Веќе не е исплатливо да се остане во овој бизнис, а згора на тоа речиси сите обложувалници користат простор под закуп и имаат долгогодишни договори. Сега ќе мора да ги раскинат и да плаќаат пенали. Тоа може да повлече целосен крах на пазарот на недвижини.

99% од објектите за обложување се под закуп. Тие имаат долгогодишни договори, некои на 5,6 години, некои на 10 години и сега ќе треба да ги раскинат. Од една страна закупците ќе го изгубат планираниот приход, а бидејќи се плаќаат даноци и придонеси, ќе изгуби и државата од оваа гранка. Ќе се јави голем број слободен деловни простор, така што може да настане крах на пазарот на недвижнини, додава Илијовски.

Инаку контролор на казината и обложувалните останува да биде Министерството за финансии и Управта за јавни приходи.