Клуб од Премиер лигата го прибира Џака
Њукасл е подготвен да го прифати играчот од средниот ред на Арсенал, Гранит Џака, кој има сериозни проблеми во лондонскиот клуб, пренесуваат британските медиуми.
Претходно оваа недела, менаџерот на „топџиите“, Унаи Емери потврди дека Џака веќе не е еден од капитените на тимот, откако влезе во судир со навивачите во клубот по натпреварот со Кристал Палас.
Емери во исто време избегна одговор на прашањето дали Џака повторно ќе игра за Арсенал. Тој ги пропушти последните два натпревари на тимот – против Вулверхемптон и Виторија.
Џака ја прифати одлуката на клубот да му ја одземе лентата, но да му го одземе местото во стартното место, со оглед на приближувањето на ЕП 2020, би било премногу болно за Швајцарецот.
Според „Тајмс“, на „Емирати“ очекуваат Џака да побара трансфер во јануари. Њукасл е заинтересиран за ситуацијата, но според „Дејли Мирор“ Арсенал ќе се обиде да го понуди играчот од средниот ред на клубови во Бундеслигата, каде Џака веќе играше за Борусија Менхенгладбах.
Ново на Сител
-
Бугарија бара Бугари и меѓу Македонците муслимани на Косово
-
Проекција на НБРМ: Намален раст и забавена инфлација – Цените на храната двојно повисоки од светските
-
Загрижувачка е состојбата со алергии кај децата
-
Студентите на Правен при УГД-Штип симулираа Европски парламентарни избори
-
НБРМ со надолна корекција на растот на македонската економија
-
Петто 4х4 рели во Крушево
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Лилјана Поповска