Фудбал
6. May 2016 - 10:32

Клоп: Уште една прекрасна вечер

Фудбалерите на Ливерпул со триумфот од 3:0 во реванш полуфиналето од Лига Европа над Виљареал успеаја да ја елиминираат шпанската екипа и да се пласираат во своето прво европско финале по 2007 година (Лига шампиони во Атина). Веднаш на стартот од дуелот на „Енфилд“ Ливерпул по автоголот на Виљареал ја анулираше предноста на противникот.
По дуелот менаџерот на „црвените“ Јирген Клоп изјави:
- Прекрасна вечер и брилијантна игра на мојот екипа. Во првите 30-тина минути имаше многу емоции. Трпението го изгубивме во последните минити од првиот дел. Во второто полувреме направивме притисок, но повеќе го користевме и мозокот и на крајот се заврши прекрасно.
Во финалето Ливерпул ќе се бори за пехарот против екипата на Севиља, која победува во ова натпреварување во последните две сезони. И двата тима со триумф во Лига Европа гледаат шанса за пласман во Лигата на шампионите следната сезона откако ги загубија шансите преку националните првенства.