-->
-->
Клоп: Јас и моето семејство сме шокирани и уништени по инцидентот со навивачите на Ливерпул
-->
Поранешниот тренер на Ливерпул, Јирген Клоп, се огласи по инцидентот во кој автомобил влета во толпата навивачи на клубот за време на славеничката парада на тимот во чест на освоениот трофеј во Премиер лигата.
Инцидентот се случил вечерта на 26 мај. Полицијата во Ливерпул соопшти дека возачот на автомобилот бил 53-годишен Британец.
- Моето семејство и јас сме шокирани и уништени. Нашите мисли и молитви се со сите што настрадаа, напиша Клоп на неговите профили на социјалните мрежи.
Претходно, градоначалникот на Ливерпул, Стив Ротерам изјави дека четири лица повредени во сообраќајната несреќа се во многу тешка состојба.
Клоп беше тренер на Ливерпул од 2015 до 2024 година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Модриќ потпиша за Милан
-
На 36 години почина македонскиот гитарист и професор Кристијан Волчев
-
Возел 197 на место каде дозволено е 80, приведен 29 годишен битолчанец
-
Страшни поплави низ Њујорк, во Њу Џерси прогласена вонредна состојба
-
Работна посета на министерот Муцунски на Обединетото Кралство
-
Претрес во Радовиш, пронајдена дрога
-
Потпишување на грант-договор со ЕБРД
-
Електронско пријавување за сместување во студентските домови од денеска до 31 јули