-->
-->
Клоп: Ги почитува (Сити), но нема потреба да ги гледам на нивниот стадион
-->
Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп во пресрет на дуелот со Манчестер Сити изјави дека не чувствувал потреба да оди да го гледа противникот, како што тоа го стори менаџерот на „граѓаните“ Пеп Гвардиола кој допатува на „Енфилд“ во живо да ги следи „црвените“.
- Ги почитувам многу, но нема потреба да одам на нивниот стадион и да гледам нивни натпревар, кога новинарите му спомнаа дека Гвардиола дошол во Ливерпул.
Клоп додаде дека очекува тешок меч со Манчестер Сити, но и многу возбудлив со тоа што предноста ќе ја има неговиот Ливерпул кој ќе ига на свој терен.
Дуелот е закажан за 31 декември со почеток во 18 часот и 30 минути и тој ќе биде последен натпревар од Премиер лигата за 2016 година. Во пресрет на оваа средба Ливерпул е на 2.место на табелата со 40 бода, додека Манчестер Сити е трет со 39 бода. Лидер е Челзи со 46 бода.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Вучиќ: Ќе бараме кривично правна одговорност за насилничкото однесување на опозицијата
-
Едно лице загина, а две се тешко повредени на автопатот Тетово - Гостивар
-
Зеленски е подготвен да го потпише договорот за минерали и безбедност со САД под силно водство на претседателот Трамп
-
Мемеди: Во стабилна состојба детето затруено со таблети, продолжува неговата опсервација
-
Сообраќајка на автопатот Тетово - Гостивар, возилата се пренасочуваат
-
Петгодишно дете се затруло со таблети во Делчевско
-
За 4.000 евра дала на посвојување новородено бебе - кривична и притвор за жена од Куманово и уште четири лица
-
46-годишна жена измамена за 600 евра