Клои Бенет: Во Холивуд владее расизам

Клои Бенет, една од ѕвездите на ТВ серијата „Агентите на S.H.I.E.L.D“ на продукциската куќа Марвел, изјави дека поради расизмот кој го зафатил Холивуд, морала да си го смени презимето за да успее како глумица.
Одговарајќи на прашање на еден од своите следачи на Инстаграм, американската глумица, чиј татко e oд кинеско етничко потекло, и чие родено име гласи Клои Ванг, напиша: „Холивуд е расистички и не сакаа да ми дадат улога ако носам презиме поради кое им е непријатно".
- Промената на презимето не го менува фактот дека половина моја крв е кинеска, дека сум живеела во Кина, дека говорам мандарински, како и тоа дека во културолошка смисла сум воспитана и како Американка и како Кинеска...Тоа значи дека еден период морав да плаќам кирија, вели натаму таа во оваа своја своевидна „исповед“.
- Со мојата платформа, правам се што можам - веќе никој да не мора да си го промени името само за да добие работа, нагласува таа.
Потоа, таа го пофали британскиот глумец Ед Скрајн за тоа што одбил улога во филмската адаптација на стрипот „Хелбој", откако увидел дека со тоа што ја добил улогата практично е занемарен фактот дека тој лик е од азиско потекло.
Ново на Сител
-

Дожд и утринска магла во наредните денови
-

Ѓорѓиевски: Околу 30.000 граѓани покажаа дека Скопје се сака со дела
-

Студентите на средба со премиерот и министеpката Јаневска
-

Сè помалку деца се раѓаат во Европа и Македонија – фертилитетот во ЕУ на најниско ниво од 2001 година
-

Пожар во студентскиот дом „Стив Наумов“: Се запалил бојлер
-

Домашното производство покрило 97,2 проценти од потрошувачката на струја во август
-

Затворот во Струмица доби лулашки и лизгалки
-

Подвиг за восхит: 11-годишниот Давид и 12-годишната Анастасија освоија три алпски врва над 4.000 метри
