Клиничка болница-Штип: Пациентите со скршеници од источниот регион да се транспортираат во другите болници

Клиничка болница-Штип денеска ги извести сите болници и здравствени домови во Источниот регион пациентите кои се со скршеници во наредните денови да не ги препраќаат или да ги транспортираат на штипското Одделение за ортопедија. Причината е штетат од синоќешното невреме, по кое од силниот ветар кој се движел со брзина од 134 километри на час падна дел од кровната конструкција на Клиничка болница-Штип.
- Ве известуваме дека поради вчерашната елементарна непогода е нанесена штета на Одделот за Ортопедија и ортопедска сала при ЈЗУ Клиничка болница Штип. Ве замолуваме во текот на следните денови до санирање на нанесената штета, пациентите со скршеници да не ги испраќате во Клиничка болница Штип бидејќи нема да можат да бидат адекватно третирани. Во следните денови ве замолуваме пациентите да ги препраќате во другите центри со цел да го добијат соодветниот натамошен третман -соопштија од Клиничка болница-Штип.
Заменик директорката на Клиничка болница-Штип, Билјана Ефтимова посочи дека 15 до 20 пациенти од ортопедија се хоспитализирани по други одделенија. Утринава во болницата на терен биле проценители, со цел да утврдат колкава е штета на кровната конструкција, која падна, со цел побрзо да се санира.
МИА
Ново на Сител
-

Почнува судењето против Груби и седум други лица за злоупотреби во „Државна лотарија“
-

Активни четири пожари и четири под контрола
-

Владата на Нов Зеланд иницира процедура за забрана за користење социјални мрежи за лица под 16 години
-

Затворени училишта и канцеларии во Тајван поради обилни дождови во исчекување на тајфунот „Саудел“
-

Променливо облачно и топло, попладне со пороен дожд, грмежи и засилен ветер
-

Ставен под контрола пожарот кај Црник
-

Шпанската полиција заплени 1,5 тони кокаин, меѓу уапсените е и еден хрватски државјанин
-

Пезешкијан: Меморандумот за разбирање со САД е најдобриот начин да се реши војната
