Кликс: БиХ ја надминува Кина по бројот на заболени со коронавирус
Од вчера, Босна и Херцеговина официјално има поголем вкупен број на лица заразени со коронавирус отколку Кина, првата земја во која се појави оваа инфекција, пренесува Кликс. Порталот од Сараево наведува дека вкупно 86.706 лица заразени со коронавирус биле регистрирани во БиХ од март до сабота, од кои 52.650 лица се опоравиле.
Бројот на смртни случаи како последица на Ковид-19 во БиХ е 2.577. Според најновите податоци објавени на веб-страницата „Worldometers“, од почетокот на пандемијата во Кина се забележани 86.501 случаи на коронавирус.
Кина е една од ретките земји во која нема зголемување на бројот на новоинфицирани наесен, односно втор бран на пандемија на коронавирус, потсетува Кликс и додава дека Кинезите имаат пет до 20 нови случаи на ден.
Порталот додава дека треба да се нагласи дека повеќе од 1,4 милијарди луѓе живеат во Кина, а нешто повеќе од 3,5 милиони луѓе во БиХ.
Ново на Сител
-
Хеликоптерите на МВР фрлија повеќе од 30 тони вода на пожарот на планината Плачковица | ВИДЕО
-
Хуманитарната катастрофа во Газа мора веднаш да престане, велат Париз, Лондон и Берлин
-
Најмалку 25 лица загинаа, а 280.000 останаа без покрив над главата од почетокот на обилните дождови на Филипините
-
Министерот Тошковски во посета на џудо тренинг сесија на полициските специјалци во Центарот за обука во Идризово
-
Трамп вели дека договорот со ЕУ има 50 отсто шанси, а договорот со Канада можеби нема да се случи
-
На Табановце се чека 40, а на Богородица 20 минути
-
Крадел од пациенти на Онкологија, Обвинителството поведе постапка
-
Две затворски казни од пет години и парична од 300.000 денари за фирма за предизвикан пожар над велешко езеро „Младост“ во август 2019