Македонија
20. August 2024 - 11:53

Клекнал на колена но му пукале во глава пред неговата жена, детали за убиството кај Мавровка

Жртвата во престрелката на паркингот кај Мавровка е адвокат пренесува Press24. Според наши неофицијални информации, ликвидацијата се случила пред очите на неговата сопруга. Адвокатот клекнал на колена, но сепак сторителот испукал еден куршум во неговата глава.

Неофицијално сторилите им се познати на службите, полицијата веќе фатила еден, а по другиот сѐ уште се трага.

Убиството се случи околу 10 часот на паркингот кај Мавровка. На терен се полициски службеници кои го обезбедуваат просторот. Неофицијално, пукано било и врз полициски службеник по што почнала потера по сторителите.