-->
-->
Клејбанова ја запре Ѓорческа
-->
Македонската тенисерка ЛИна Ѓорческа е запрена во финалето на фјучрсот во Анталија. Поуспешна од неа денеска беше Алиса Клејбанова од Русија која со 6:3 и 6:4 слевше во финалето. Со ова беше прекината победничката серија на Ѓорческа од 11 сингл победи. Клејбанова бидејќи нема ранг на турнирот настапи со „вајлд карта“.
Воедно Клејбанова која има 26 години во 2011 година беше 20.та тенисерка на светот, а ова за неа беше прв турнир по ланскиот настап на Вимблдон. Клејбанова пред две години играше во финалето на ФЕД купот за Русија.
Во првиот сет нерешено беше до 3:3 во гемови, а потоа Клејбанова го доби сетот со 6:3. Во вториот сет Ѓорческа поведе со 2:1 ги доби следните три гема за водство од 4:2 што на крајот се покажа решавачко.
Двете тенисерки имаа проблеми со сервисот па така Клејбанова имаше 19 брејк топки, а искористи 4, додека Ѓорческа имаше седум можности, а искористи 2. Скорот во поени е 69:61 за Клејбанова.
Ѓорческа за пласманот во финалето ќе освои седум поени, додека за победата на фјучрсот од преттходната недела ќе добие 12 поени и ќе има скок на ВТА листата.
Таа пласманот ќе го подобри и во конкуренција на двојки особено што вчера со Ива Приморац победија на турнирот во Анталија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Заеднички воздушни вежби на Јужна Кореја, САД и Јапонија
-
СВР Скопје го расчисти убиството во Арачиново
-
Во Гевгелија измерени 14 степени, во Берово минус два
-
ЕК: Северна Македонија е во рана фаза на подготовкa за одржливо земјоделство
-
Русија соопшти дека синоќа соборила 19 украински беспилотни летала
-
Втор круг од претседателските избори во Молдавија
-
Бајден упати остри критики кон републиканците за Законот за заштита на пациентите
-
Сообраќајот се одвива непречено, по суви коловози