Свет
25. February 2016 - 20:28

Клапер: Во 2016 година 59 држави ќе се соочат со нестабилност

Директорот на Националното разузнавање на САД, Џејмс Клапeр изјави дека годинава 59 држави се под сериозна закана од нестабилност.

Тој на сослушувањето пред Конгресот посочи дека 14 земји се соочуваат со нестабилност, која создава закана за режим или е поврзана со насилство.

Клапер наведе дека седум држави се соочуваат со пад на централната власт, а во околу 40 земји дејствуваат екстремисти.

Како пример на држава на која во 2016 година и се заканува колапс, Клапер ја посочи Авганистан.