Клапер: САД сами не можат да ги решат проблемите на Блискиот Исток
САД сами не можат да ги решат проблемите со тероризмот на Блискиот Исток, смета директорот на американското Национално разузнавање, Џејмс Клапер.
Во интервју за „Вашингтон пост“ Клапер признава дека тој лично нема одговор како да се реши прашањето со блискоисточниот тероризам.
- САД не можат да го решат тоа. Главните проблеми - голем дел од населението се незадоволни млади мажи, неконтролираните територии, економските проблеми и големите количини оружје, нема да исчезнат уште долго време, рече Клапер.
Тој се согласува со ставот на претседателот Барак Обама дека САД не се во состојба да се справат со проблемите на Блискиот Исток и оти доколку го сторат тоа само ќе си наштетат.
Клапер додаде дека сепак САД не треба да го напуштат тој регион, туку едноставно треба да бидат таму и да имаат улога на посредник, а понекогаш и да „обезбедуваат сила“.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
Мостот „Беласица“ целосно функционален
-
Зошто Токсикологија не почитува мерки на надлежни институции
-
Ќе се врати ли старата цена на осигурување за регистрација на возилата?
-
Обвинителството со огромен број докази за распределбата на спортски ваучери
-
ДУИ притиска: Без нас нема Влада - Од ВМРО-ДПМНЕ децидни Ахмети останува во опозиција
-
Парламентарни избори 2024
-
Вапцање велигденски јајца в зори на Велики Четврток