„КЛ7 е едно огромно семејство децата се наша иднина, иднина на Македонија“
"Ми претставува огромна чест и задоволство што функционираме повеќе од успешно веќе трета година низ цела Македонија организирани на 17 локации. Довербата тешко се стекнува, многу лесно се губи.Среќен сум што таа доверба ја стекнавме кај нивните родители и секако кај децата, благодарен сум на сите нив. Преку 1000 деца да се организираат во текот на целата година, инфраструктурно да се обезбедат услови, квалитетни тренинзи и сето тоа да функционира безпрекорно затоа сум благодарен на мојот тим за целата организација и секојдневната работа на школата. Со овој настан се запознавме уште подобро, а таа непосредност секогаш е причина плус за уште подобро функционирање и живот на КЛ7 како едно огромно семејство и во иднина. Бидејќи фундаментот на се во животот се децата , тие се нашата иднина, иднината на Македонија".
Изјави капитенот Лазаров кој им се обрати на присутните посакувајќи им уште поголеми успеси и на училиште и на терен во годината која следи и на тој начин честитајќи им ја новата година. На настанот беа присутни и играчите од екипата КЛ7 која од оваа сезона се натпреварува во првата ракометна лига. Децата се дружеа и со нив и уживаа во овој за многумина од нив посебен ден.
КЛ7 е едно огромно семејство децата се наша иднина, иднина на Македонија "
![](/sites/default/files/styles/large/public/article/images/2019/december/7.jpg?itok=yhbTqupQ)
Ново на Сител
-
Барањето за 450 евра минималец на првата седница на економско-социјалниот совет
-
Приватните превозници ќе возат до 11 часот, додека ЈСП им префрли пари за гориво
-
Преглед на вестите од светот
-
Приватните превозници ги паркираа автобусите
-
Мицкоски во посета на Гевгелија
-
Сиљановска во посета на ГШ на Армијата
-
Управниот суд ја одби тужбата на Јолевски
-
Дурмиши: Ќе работат за добра бизнис клима