Ќерката на Анџелина и Бред сака да стане момче
Шајло Џоли Пит, ќерка на најпозната холивудска двојка Анџелина и Бред наместо женска гардероба многу сака да се облекува во алиштата на своите браќа, а често истакнува дека сака да стане момче.
Со оглед на тоа што двојката навистина го сака најдоброто за нивното дете, тие одлучила да се консултираат со психолог во врска со овој случај.
- На родителите им најважно е Шајло да биде среќна и самоуверена, па подготвени се да направат се за да и дадат дом полн со љубов каде ќе се чувствува сигурно, вели извор близок на семејството Џоли-Пит.
Бред во едно интервју призна дека неговата ќерка Шајло бара да ја викаат Џон, а Анџелина уште во 2010 година кај Опра призна дека нејзината ќерка сака да биде момче и побарала да ја истржат кратко.
- Сака да носи машка гардероба и повеќе се дружи со нејзиниот брат. Всушност, таа верува дека е нивни брат, рече тогаш Анџелина.
Ново на Сител
-
Дали електричните возила ќе ги натераат скопјани да ги продадат сопствените автомобили?
-
Кочанчани на протест заради депонирање на отпад од соседните општини
-
Центри за ментално здравје
-
Преглед на вестите од светот
-
Перински ги почна консултациите за измените на законот за локална самоуправа
-
Штипски „Исар“ ќе ги намалува загубите на вода со инсталација на СКАДА системот
-
5 жртви на подрачјето на СВР Охрид
-
Преглед на вестите од светот