Ќе ве расплачат: Трогателни стихови на надгробниот споменик на Јелена
Семејството на монструозно убиената пејачка на Гранд Јелена Марјановиќ го завршува споменикот на кој ќе бидат врежани нежни стихови во знак на сеќавање и љубов, и тоа на нејзиниот 33. роденден, рече мажот на пејачката, Зоран Марјановиќ.
-Станува збор за песна која ја напиша Саша Милошевиќ, со кој ги работевме песните „Златник“, „Бато, бре“, „Дигни ме, пао сам“. Јеца своевремено му бараше за неа да напише стихови зошто и се допаѓаше неговиот стил на пишување, но тој говореше дека за неа подготвува нешто посебно. По трагедијата, Саша напиша песна која ја посвети на мене и на Јеца, рече Зоран за белградските медиуми и додаде:

- Името на песната е „Загрли је, Боже“. Јеца секогаш ги сакаше баладите и постојано се врзуваше за некои тажни песни како да претчуствуваше што ќе се случи.
Стиховите кои ќе бидат врежани на споменикот се:
„Таман смо, таман дисали исто...Била ми ја свака пора коже, ја је више не моги, сад је на теби да је загрлиш, Боже...“
Ново на Сител
-
Србија: Студенти ги блокираа влезовите на РТС и РТВ, полицијата е распоредена во двете згради
-
Новинарите во Грција започнаа 24-часовен штрајк
-
Сончево и топло со мала до умерена локална облачност
-
Папата повеќе не е во непосредна опасност, но останува во болница
-
Пожар меѓу селата Моштица и Саса
-
Ѓорческа успешно ги мина квалификациите на турнирот во Унгарија
-
Пронајден починат маж во Свети Николе во куќа каде неовластено живеел
-
Возач во Аеродром удрил 15-годишно девојче и побегнал