Македонија
27. July 2022 - 16:51

Ќе следи ли бурна политичка есен? Уставните измени во процес најверојатно по одморите

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да се вразумат и да не бидат кочница на патот на Македонија кон целосно зачленување во Европската унија, бараат од владејачката СДСМ. Од таму уверуваат дека власта ќе го има потребното мнозинство од 80 пратеници за внес на Бугарите во највискиот акт.

Од опозицијата велат, власта брои пратеници кои ги нема.

Според пресметките мнозинството заедно со албанската опозиција имаат на располагање 74 пратеници, што според власта значи дека за уставните измени им недостасуваат само шестмина народни избраника. Сепак, ваквите пресметки може да паднат во вода имајќи поред вид дека за францускиот предлог не гласаа и пратеници од мнозинството и тој се изгласа со 68 гласа.

Владиниот Павле Трајанов од ДС вели дека не дава поддршка за уставни измени без реципроцитет.

И додека власта и опозицијата се пребројуваат за уставни измени на прес-конфренции атмосферата во собраниската салата се вжешти.