Ќе се реновира соба за физикална терапија во болницата во Штип
Почнува реновирањето на една соба во одделот за Физикална терапија во штипската Клиничка болница. Реновирањето е донација на Општинската организација (ОО) на Црвен Крст-Штип.
Секретарот на ОО Црвен крст-Штип, Никола Камчев вели дека материјалот потребен за реновирање е набавен и може да се почне со работа.
- Преку наши донатори, набавивме градежен материјал, ламинат, боја за фарбање и се она што е потребно. Претходно, во соработка со Црвениот Крст во Скопје набавивме постелина и ќебиња, кои, исто така, се донирани за одделот, вели Камчев.
Главната сестра на Одделението за Физикална терапија во Клиничка болница-Штип, Љубица Миланова вели дека тие ја побарале од Црвениот Крст оваа донација, бидејќи моменталните услови се лоши за престој на пациентите, кои доаѓаат од цела источна Македонија.
- Секојдневните незадоволства на пациентите не поттикнаа на размислување нешто да се преземе во подобрување на условите. Сите кои имаат непотребен мебел, постелнина и се она што би ни било од корист, а ним не им се потребни, апелирам да ги донираат овде, вели Миланова.
Во одделот за физикална терапија, во која се користи лековитата вода на бањата Кежовица, секојдневно амбулантски се лекуваат околу 160 пациенти, а во текот на еден месец на одделот престојуваат околу 30 пациенти од другите градови од регионот.
Ново на Сител
-
Меѓународен ден на студентите
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, Министер за финансии
-
Цигарите и загадениот воздух рак рана за лицата со ХОББ
-
15-годишник со нож прободел двајца малолетници во два одвоени инциденти
-
Преглед на вестите од светот
-
Заедничка седница на македонската и косовската влада во Приштина
-
Пратеници на ДУИ добиле смртни закани, пријава до МВР нема
-
Вишиот обвинител Хајрулахи останува суспендиран од работното место