Македонија
26. October 2016 - 12:36

Ќе се реконструира улицата „Адолф Циборовски“

Општина Центар почнува со комплетна реконструкција на улицата „Адолф Циборовски“, поранешна „Мајка Тереза“.

Ќе се постават нов тампон и асфалт, како и нови тротоари, а канделабрите за да не пречат при движењето на пешаците, ќе се поместат од тротоарите. Веќе почна постапката за поставување на каблите на кабелските оператори и на ЕВН под земја.

За заштита на животната средина и почист воздух, на улицата ќе бидат засадени 16 нови дрвја.

Реконструкцијата е договорена на последната средба на градоначалникот Андреј Жерновски со жителите на улицата „Адолф Циборовски“.