Ќе се реконструира пробиштипскиот Дом за култура „Злетовски рудар“
Со европски пари преку Програмата за меѓугранична соработка со Република Бугарија ќе се реконструира Домот на културата „Злетовски рудар“. Договорот денеска го потпишаа градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски и градежната фирма „Промонтинг“, а партнер во проектот е општината Рила од Бугарија.
- Во делот на енергетската ефикасност имаме промена на кровната конструкција, промена на сите прозори и врати како и поставување на енергетски ефикасна фасада. Целиот овој проект чини 158.000 евра, односно околу 9,5 милиони денари беше најповолната понуда која што е избрана, вели Тоневски.
Рокот за изградба е девет месеци, но претставникот од фирмата Промонтинг вели дека градежната сеозна ја почнуваат веднаш и очекува за околу четири месеци да се реализира овој проект.
Општина Пробиштип ќе обезбеди дополнителни средства за внатрешно уредување на просториите, а во кои по реконструкцијата ќе биде сместена општинската администрација, односно објектот да биде општинска зграда, а вработените од Домот за култура „Злетовски рудар“ ќе бидат сместени во реконструираното кино во Пробиштип.
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости