Ќе се реконструира делница од патот Пониква - Кочани

Јавното претпријатие за државни патишта на Република Македонија обезбеди близу 87 милиони денари за реконструкција на дел од регионалниот патен правец од планинскиот рекреативен центар Пониква на Осогово до Кочани.
Веќе е завршена постапката за избор на изведувач на работите и наскоро се очекува да почне санирањето на оштетувањата и преасфалтирање на коловозот во должина од 10,4 километри и широчина од шест метри.
- Конечно ќе се санира најоштетениот дел од патот кон Пониква што е граден пред околу триесет години, а на кој досега немало никакви поправки. Со реконструкцијата на асфалтниот слој ќе им овозможиме полесен и побезбеден пристап на посетителите на спортско-рекреативниот центар, а освен коловозот ќе се рехабилитира постојниот паркинг простор, истакна градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев.
Патот кон Пониква е со вкупн а должина од 21 километар, а над една третина од коловозот е тешко оштетен и го отежнува нормалното одвивање на сообраќајот.
Се работи за регионален пратен правец кој со промоцијата на главниот зимски туристички центар во источниот регион привлекува се поголем број посетители, поради што тој е важна сообраќајница во овој дел од државата.
Ново на Сител
-

Физички напад со ладно оружје и гасен пиштол: Татко и двајца синови осомничени за насилство во Бутел
-

Иран најави комеморација за ајатолахот Хамнеи 40 дена по неговото убиство
-

Уапсен 16-годишен кумановец откако нападнал лице кое му извадило пиштол и нож
-

Уапсени пет лица, од кои еден малолетник во акциска контрола на Мобилната единица на МВР
-

Раст од 16,7 проценти на цената на становите во првиот квартал годинава
-

Мицкоски: Македонија е прва земја од Европа која има ваков вид стратешки дијалог со САД
-

Зголемена фреквенцијата на Ќафасан, Албанците од соседството по гориво и храна во државава
-

АХВ спречи ризик од внесување на заразни болести во земјава
