Ќе се ограничи работното време на кофи шоповите во Амстердам
Државниот совет на Холандија денеска одлучи да се ограничи работното време на кофи шоповите во Амстердам, кои се во близина на училиштата.
- Судот во Амстердам одлучи дека градоначалникот има право да го ограничи работното време на кофи шоповите, соопшти холандскиот Дежавен совет.
Кафулињата во кои се продава канабис и се наоѓаат во радиус од 250 метри од училиштата нема да можат да работат од седум часот и 30 минути, како до сега, туку ќе бидат отворени од 18 до еден часот по полноќ.
Сопствениците на кофи шоповите најавија жалба против судската одлука со образложение дека објекти се популарни кај туристите.
Во Холандија продажбата на мало количество на канабис, под пет грамови на човек, беше декриминализирана во 1976 година. Во моментот марихуана се продава легално во околу 600 кафулиња во Холандија.
Ново на Сител
-
Обезбедувачот на Гаши доби кривична пријава и ќе биде избркан од работа
-
Мицкоски предупредува за дестабилизацијата од ДУИ - Ахмети молчи
-
Во охридско се дејствува од воздух
-
Сите сили насочени кон пожарот кај Македонски Брод - Продолжува битката со пожарите
-
Над 150 собраќајни несреќи само за продолжениот викенд
-
Заврши амандманската расправа за буџетот
-
Сексуално образование ќе биде дел од темите кои ќе се изучуваат по биологија и граѓанско
-
Преглед на вестите од светот