Во охридско се дејствува од воздух
Пожар кај Галичица на границата со Албанија.
Не стивнуваат пожарите во охридско.И додека состојбата со огнот кај Косел и Опеница се става под контрола претпладнево избувна пожар на планината Галичица на границата со Албанија.Станува збор за тешко пристапен терен кон кој се упатени противпожарни екипи од Албанија, а испратени се координати до воздухопловните единици кои веќе дејствуваат во охридскиот регион за воздушна поддршка .Кај Косел пожарот се гасеше со два хеликоптери еден на македонската полиција и еден српски.
Градоначалникот Пецаков најави дека пожарот кај Косел е пред елиминација благодарение на преземените интензивни активности за гаснење од земја и воздух.Инаку пожарот зафати голема површина, високо квалитетна дабова и борова шума.
Моментално на Галичица каде е активен пожарот дува западен ветер кој неповолно влијае на развојот на ситуацијата, а неофицијално во сите опожарени места во охридско причина за пожарите е човечки фактор.
-
Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар