Ќе се менуваат законите за вработени во јавен сектор и за административни службеници
Со претстојните измени на законите за вработени во јавниот сектор и за административни службеници треба да бидат опфатени постапките за вработување и за унапредување кај административните службеници, како и делот за заштита на правата на вработените, смета директорот на Агенцијата за администрација Спасе Глигоров.
На првата јавна расправа за претстојните измени на двата закона денеска претставници од повеќе институции изнесоа проблеми во нивната досегашна примена со предлози за воведување новини со коишто во иднина би се постигнала поголема ефикасност.
– При постапката за вработување потребна е рационализација на условите што треба да ги исполнат кандидатите уште при самото аплицирање за некое работно место. При голем број постапки се покажа дека голем број кандидати кои аплицираат за вработување како администраивни службеници отпаѓаат од натамошната селекција од тн. причини. Преоптоварени се да прикачуваат документи кои се ирелевантни за самиот мерит систем според кој треба да се вреднува способноста на самиот кандидат, рече Глигоров, посочувајќи го како пример лекарското уверение, документ што веќе е опфатен со Законот за работни односи.
Тој појасни дека треба да се даде поголема важност на испитот кој го полагаат апликантите при бодувањето. Испитот, како што предложи, треба да биде надвор од постапката за вработување и да се смета како влезен елемент при аплицирањето заедно со образованието.
Според Билјана Жагар Николовска, советник за администрација во МИОА, меѓу останатото, законите треба да понудат механизам со којшто управувањето со ефектот или оценувањето во администрацијата нема да биде алатка за справување со кадрите.
– Граѓаните од една страна очекуваат поквалитетни и побрзи услуги, а ние административните службеници очекуваме поголема мотивација за сработеното. Целта на оценувањето и за процесот за управување со ефектот треба да ни биде заедничка и да не доведе до исто, а не да биде алатка со која што менаџерите ќе може да се справуваат со кадрите кои не им се најпогодни, рече Жагар.
Министерот за информатичко општество и администрација Дамајн Манчевски појасни дека јавната расправа се случува пред подготовката на драф верзијата на законските измени со цел во нив да бидат вклучени предлозите на институциите што ги применуваат двата закона.
-Сакаме да се консултираме со сите засегнати страни пред да почнеме да пишуваме какви било предлози. Нема да брзаме ова е процес којшто ќе трае три – четири месеци, а потоа ќе влеземе во процедура, изјави Манчевски.
Тој очекува во јуни законите да влезат во владина процедура, а најдоцна до септември да биде изгласан во Собранието.
Законите за вработени во јавен сектор и за административни службеници се применуват од 2015 година. Во изминатите четири години, како што појасни државниот секретар во МИОА Јахи Јахија, при примената е утврдено дека се потребни промени во одредени делови и од техничка и од суштинска природа, по што измените на законите се испланирани и во новата стратегија за реформи во јавната администрација.
Ново на Сител
-
Саша Поповиќ се лечел во Париз, за болеста дознал случајно откако скршил нога
-
Руте побара од Зеленски да ги поправи односите со Трамп
-
Дуда: Украина треба да се врати на преговори со Трамп
-
Почина Саша Поповиќ, основачот и директор на Гранд продукција
-
Александар Стефанов нов претседател на Ракометната федерација на Македонија
-
Пробале да го легитимираат, а тој со возилото удрил во полициско службено возило
-
Пронајдена дрога во Струмица и Гевгелија, приведени пет дилери
-
По инцидентите на масовниот протест во Атина приведени 220 лица