Ќе се ликвидира заедничкото јавно претпријатие „Пониква КП“ на општините Кочани и Пробиштип
Општините Кочани и Пробиштип, кои се основачи на заедничкото јавно претпијатие „Пониква КП“, започнаа постапка за негова ликвидација. Одлуката за згаснување на претпријатието доаѓа по пет години од основањето, откако тоа воопшто не проработи во дејноста за која беше регистрирано.
Едногласна поддршка за одлуката вчера даде Советот на општина Кочани, а се очекува денеска идентична одлука да изгласаат и советниците во Пробиштип.
- Досега претпријатието постоеше само на хартија и претставуваше товар за двете локални самоуправи, поради што е започната постапката за негово бришење од регистарот на активни фирми. Важно е да се каже дека не се направени никакви приходи, ниту трошоци, бидејќи тоа не учествуваше во платниот промет и имаше времена сметка, рече Венцо Бојков од одделението за правни работи на општина Кочани.
Иако биле формирани управните тела и е донесен статутот на заедничкото претпријатие, не било реализирано вработувањето на четири работници, кои веќе ја поминале почетната обука.
Потребата од заедничкото јавно претпријатие „Пониква КП“ се наметна заради вршење работи поврзани со развојот на туризмот и управувањето со ски-центарот на Осоговските Планини, посебно откако со донација од државното претпријатие МЕПСО пред неколку години беа набавени топови за вештачки снег и се осветлија скијачките патеки.
Ново на Сител
-
Средба на министерот Муцунски со комесарката за проширување на ЕУ, Марта Кос
-
Почина Инес, јагуарот од скопската ЗОО
-
247 санкционирани возачи денеска во Скопје, еден возач лишен од слобода за безобзирно возење
-
Тошковски: МВР ќе постапува против секој за кој постојат докази дека сторил кривично дело
-
Вучиќ верува дека следната недела ќе биде избрана новата влада во Србија
-
Папата Франциск неочекувано се појави на плоштадот Свети Петар и ги поздрави верниците на Цветници
-
Кривична за штипјанец, возел со 1.5 промили алкохол
-
Исчезнато 15-годишно девојче од скопско Кадино