Ќе се исплаќаат штетите од ланското невреме во општина Василево
Граѓаните од населените места Добрашинци, Висока Маала и Нова Маала во општина Василево, кои претрпеа штети од невремето што го зафати овој реон на 24 јуни лани, ќе бидат обесштетени, информираат од општината.
Ваква одлука донесе Владата на Република Северна Македонија, која го прифати Извештајот на Општинската комисијата за проценка на штета од елементарни непогоди и одобри средства за исплата на штетите. Обесштетувањето ќе изнесува 15 отсто од проценетата штета.
Невремето од пороен дожд и град, што на 24 јуни минатата година ги зафати овие три села, предизвика големи штети на земјоделските култури.
Според извештајот на Општинската комисија за проценки на штети, кој во целост е прифатен од Владата биле оштетени 134 земјоделци и еден правен субјект, а вкупната штета е проценета на близу 25 милиони денари.
Ново на Сител
-
Заврши состанокот на големите сили
-
Граѓаните ќе добијат поголема моќ - Референдумско отповикување на градоналачници ќе има со измените на законот за локална
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-
Зеленски - Нема да ги признаеме руско-американски преговори во Ријад, вонреден самит во Париз за Украина
-
Анкета: Само 20% од граѓаните поддржуваат уставни измени, ЕУ има желба да помогне за интеграција на Македонија
-
ЗНАМ е против промена на грбот
-
Предлогот за разрешување на обвинителот Коцевски, утре на владина седница
-
СДСМ поднесе предлог закон за поевтина храна и струја