Ќе се исплаќаат штетите од ланското невреме во општина Василево

Граѓаните од населените места Добрашинци, Висока Маала и Нова Маала во општина Василево, кои претрпеа штети од невремето што го зафати овој реон на 24 јуни лани, ќе бидат обесштетени, информираат од општината.
Ваква одлука донесе Владата на Република Северна Македонија, која го прифати Извештајот на Општинската комисијата за проценка на штета од елементарни непогоди и одобри средства за исплата на штетите. Обесштетувањето ќе изнесува 15 отсто од проценетата штета.
Невремето од пороен дожд и град, што на 24 јуни минатата година ги зафати овие три села, предизвика големи штети на земјоделските култури.
Според извештајот на Општинската комисија за проценки на штети, кој во целост е прифатен од Владата биле оштетени 134 земјоделци и еден правен субјект, а вкупната штета е проценета на близу 25 милиони денари.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Фатмир Битиќи, пратеник од СДСМ
-

Сомнежи за труење во ООУ „Невена Георгиева – Дуња”, 20-тина деца и наставник побарале лекарска помош
-

Од утре Владата очекува поевтин дизел за 6,5 денари и бензин за 1,5 денар по литар
-

СДСМ: Народот секој ден живее полошо, а мерки од Владата нема
-

Филипче: Преговорите за ЕУ зависат само од власта
-

Николоски: Првите километри од автопатот Прилеп-Битола готови следната пролет, за еден месец меѓуградски воз помеѓу двата града
-

Еколошката „бомба“ кај Пробиштип конечно ќе се санира
-

Преглед на вестите од светот
