Македонија
28. March 2018 - 13:31

Ќе се анализира Правилникот за распределба на државни станови на функционери

Ќе се прави анализа на Правилникот од 2009 година врз основа на кој се врши распределба на државни станови на функционери, најави денеска владиниот портпарол Миле Бошњаковски, одговарајќи на новинарско прашање зошто се дозволува да се плаќа по 400 евра за изнајмување станови за функционери кога се празни 25 од 75-те државни станови.

На функционерите со место на живеење оддалечено повеќе од 30 километри, ако побараат, им следува државен стан, а тие со место на жиеење со оддалеченост од над 100 километри имаат право на избор, дали да користат државен стан или да добиваат кирија.

- Некои го бираат моментот да добијат надоместок за кирија, некои бираат да добијат државен стан. Тоа е Правилникот, така е срочено, драго ми е што јавноста ја отвори оваа тема. Ќе направиме анализа во наредниот период. Ќе видиме доколку може да ги подобриме работите се разбира дека ќе ги подобриме. Се работи за стар Правилник од 2009 година, меѓутоа во моментов Буџетот на РМ по однос на ова прашање не е во ниту еден однос оштетен, рече Бошњаковски.