Бизнис
29. July 2020 - 16:33

Ќе останат ли домаќинствата без евтината тарифа за струја?

Ако се укине евтината струја тоа ќе биде политичка одлука, велат експертите. По информациите дека се разговара за можно укинување на евтината тарифа на електричната енергија, експертите по енергетика велат дека тоа не смее да се случи. Потребо е само да се променат термините.

-Евтината тарифа е од голема помош за домаќинствата особено за оние со пониски примања и затоа треба да остане. Но сметам дека треба да се промени терминот. Наместо од 14 до 16 часот да биде еден или два часа подоцна  кога луѓето ќе бидат вратени од работа за да можат да ја користат.  Исто сметам дека евтината струја од 22  асот до 7 наутро повеќе е воведена за да може да се одржуваат системите, затоа што ако целосно се исклучи неговото повторно вклучување е скапо, вели за Сител експертот по енерегетика Костантин Димитров.

Според информациите на Сител се размислува за укинување на евтината тарифа која беше воведена пред околу две години. Од РКЕ велат дека до петок ќе се знае. Тогаш треба да се утврди и новата цена на струјата која граѓаните ќе ја плаќаат во следниот период. Енергетските компании веќе ги доставиле пресметките за материјалните трошоци по што Регулаоторна ќе ја утврдува новата цена. За два дена треба да се утврди и новата цена на парното, која според некои информации треба да се намали.

Примената на евтината струја почна во 2017 година. секој раотен ден и сабота од 14 до 16 часот и по 22 часот до 7 наутро граѓаните имаат можност да ја користат како и секоја недела преку цел ден.

Во регионот цената на струјата од септември ќе се зголеми во Србија и тоа за скоро 8 проценти. Во Европа грашаните плаќаат повисока цена во последните две години. Од 2018 до средината на 2019 година просечната цена е зголемена за 1,3 отсто покажувата податоците на Еуростат. Покрај цената на струјата раст од 1, 7 проценти е забележан и кај цената на гасот.