Џет-Сет
28. October 2017 - 9:56

Ќе ја добијам и оваа битка - се јави Синан од болница!

Пејачот Синан Сакиќ, кој е во тешка здравствена состојба, вели дека не се предава и дека од љубов кон сопругата, децата, пријателите и публиката повторно ќе биде оној стариот.

Синан, кој се лекува во Клиничко-болничкиот центар во Тузла порача дека нема да се предаде и дека ќе ја победи болеста.

- Ќе успеам! Болен сум, ама се чувствувам подобро. Нема да умрам, ќе ја добијам и оваа битка, благодарение на мојата жена, деца и луѓето кои ме сакаат. Ви благодарам на сите кои се грижите-порачал некогашниот крал на народната музика.