Ќе испраќаме бегалци во Европа, порача поранешен советник на Ердоган

Поранешниот советник на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, Бурхан Кузи изјави дека Турција ќе испраќа бегалци во Европа, доколку Европскиот парламент донесе „погрешна одлука“, разгледувајќи ги предлозите за одобрување на визи за турските државјани.
Заканата која ја изјави Кузу, кој е висок функционер на владејачката турска Партија на правдата и развојот, е дадена во момент кога растат сомнежите во спогодбата меѓу Турција и Европската унија со цел да се сузбие привилот на бегалци и мигранти од Блискиот Исток и од Африка.
На Турција и е понудена спогодба за визите, како и финансиска помош и перспектива за обновување на напорите за прием во ЕУ, во замена за согласност за прифаќање на бегалците.
Турскиот претседател минатата недела го одби барањето на ЕУ Турција да ја ограничи својата дефиниција на тероризмот во замена за укинување на визните рестрикции.
- Доколку донесат погрешна одлука, ние ќе станеме бегалци, напиша Кузу на Твитер.
Во изјава за Блумберг тој додаде: „Доколку вратата на Турција се отвори, Европа ќе биде несреќна“.
ЕП треба да го разгледа напредокот на Турција и исполнувањето на барањата и условите во врска со либерализација на визниот режим.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Гордана Сиљановска Давкова, претседателка
-

Вработени во УЈП и сопственици на фирми испумпале скоро 5 милиони евра државни пари
-

Мицкоски: Законските измени за „Safe Сity“, ќе се гласаат на наредната седница во Парламентот
-

Јавна расправа за измените на КЗ во Парламентот
-

Mицкоски: Наскоро добри вести од САД
-

Владата одобри 10 илјади работни дозволи за странски работници
-

Нема одложување на второто полугодие – учениците се враќаат на настава во вторник
-

Мјузикал „Као какао“ инспириран од музиката на Влатко Стефановски - премиерата во мај
