Китев: ВМРО-ДПМНЕ свесно ги кочи реформите во сферата на медиумите

ВМРО-ДПМНЕ свесно ги кочи реформите во сферата на медиумите.
Претседателот на Комисијата за избори и именувања од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски упорно не свикува седница на Комисијата.
Со тоа ВМРО-ДПМНЕ ги прекршува роковите за избор на членови на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и изборот на членови на Програмскиот совет на МРТ.
На тој начин, Димовски и ВМРО-ДПМНЕ се надеваат на партиски пазарења, кои се спротивни на целите на законот и кои, во никој случај нема да се случат.
Еден од нив е Зоран Трајчевски, директорот на AАВМУ и некогашен советник од ВМРО-ДПМНЕ во општина Аеродром кој вчера ширеше лажни вести кои официјално беа демантирани од страна на Мнистерството за внатрешни работи.
Како одговорна партија, бараме законот да се почитува и веднаш да се свика Комисијата за избори и именувања.
Мора да започне јавната и транспарентна постапка за избор на членови на Советот на АВМУ и Програмскиот совет на МРТ.
Состојбата во МРТВ, е единствена критика од Извештајот на Европската комисија и обврска на сите е да се обезбеди независен и професионален Национален сервис.
Потребата од реформи во јавниот сервис е јасно нотирана и во извештајот на Репортери без граници.
Професионализацијата на ААВМУ и МРТ е од особено значење за рефомата на медиумите и унапредување на демократските вредности.
Напредокот што го постигна нашата држава во делот на медиумските слободи, јасно ја покажува нашата заложба за слободни, професионални и независни медиуми.
еформите мора да продолжат во интерес на државата, медиумите и граѓаните.
Ново на Сител
-

Teма на денот со Сашо Клековски, министер за здравство
-

Четврти смртен случај од западнонилска треска – На Инфективна хоспитализирани и помлади лица
-

Страшна и тажна слика во мариовско Чаниште, изгореа над 15 куќи и објекти, пожарот се уште гори
-

Сиљановска-Давкова: Македонската Армија е високо организирана формација
-

Maкедонската дипломатија доаѓа на координација во Скопје
-

Почнаа уписите на УКИМ
-

Марихуаната ја декларирале како перници, јоргани и тортички – Двајца Македонци осудени во случајот со 5 тони дрога
-

Земјоделците произведуваат поскапо, а продаваат поевтино, покажаа податоците на Државна статистика
