Китанов: Поскапата патарина за странските гости не е злоупотреба

Не е злоупотреба тоа што патарината за странци во земјава чини 1,5 евро наспроти 60-те денари за домашните патници, рече денеска директорот на ЈП за државни патишта Зоран Китанов.
Одговарајќи на новинарски прашања, Китанов образложи дека токму разликата во цената на патарините за домашни и странски патници било неговото прво прашање кога стапил на функцијата директор.
- И мене ми беше чудно што се разликува денарскиот од девизниот дел, но кога ќе прашате во Народна банка, ќе ви објаснат дека, бидејќи се плаќа во железни кованици, мислам дека Народна Банка задржува 25 до 30 проценти и тоа целото кога ќе го претворите во денарската сума излегува така и не се работи за злоупотреба, појасни Китанов.
Модернизацијата на патарините во прво време, нагласи, нема да значи отпуштање вработени.
- Мора да има период на адаптација што ќе трае неколку години. Праксата ќе покаже колку граѓаните ќе се прилагодат на користењето при-пејд и електронски картички, појасни Китанов.
На новинарско прашање дали ќе има годишна наплата на патарина како во некои земји, не одговори конкретно.
- Електронската картичка ви го овозможува тоа, а и електронскиот начин на плаќање ќе биде за околу 10 отсто поевтин. Со тоа големите превозници што имаат многу возила со користење електронска и при-пејд картичка, ќе заштедат и на пари и на време, рече Китанов.
Во врска со делниците, информира дека следните четири години е планирана реконструкција на 750 километри регионални патишта.
Делницата Велес - Градско е реновирана пред еден месец, а при крај е и реконструкцијата на патот од Неготино до Демир Капија која се очекува да заврши за два месеца и да се совпадне со пуштањето на автопатот Демир Капија - Смоквица.
- Во меѓувреме механизацијата на „Гранит“ ќе се префрли на левата страна од Демир Капија - Неготино за целосно да се рехабилитира и се да заврши до почетокот на летната сезона. Во меѓувреме, се реновираше патот Миладиновци - Куманово. Со тоа, до почетокот на летната сезона целиот Коридор 10 треба да биде современ со современи наплатни рампи со современи автопатишта и регулирани протоци на движењето, соопшти Китанов.
Последните пет месеци, откако е тој директор, а Сугарески министер за транспорт, нагласи, разликата на цената со онаа од минатата година е 1,234 милиони евра.
Ново на Сител
-

Три сообраќајки на автопатот Тетово – Гостивар
-

Снег на Попова Шапка, задолжителна зимска опрема за возилата
-

Полиција потврди дека крадците испразниле 3.000 сефови од трезорот на Шпаркасе банка во Гелзенкирхен
-

Во Норвешка речиси сите нови автомобили во 2025. беа електрични
-

Двајца загинати откако возило заврши во Радика
-

Запалениот бар во Кран Монтана имал неколку излези за евакуација, но гостите не ги нашле, тврди шефот на полицијата
-

Идентификувани 113 од 119-те повредени во пожарот во Кран-Монтана
-

Израел погодил десетина цели на Хезболах во јужен Либан
