Киска: Политичка манипулација е поврзувањето на терористичките напади со бегалците

Словачкиот претседател Андреј Киска во новогодишниот говор го осуди поврзувањето на тероризмот со бегалската криза како политичка манипулација и предупреди пред ширење на страв и екстремизам.
Киска оцени дека напливот на бегалци и емигранти не ја погоди до толку Словачка, за да можат Словаците да се чувствуваат загрозени или да се потиснува темата до работ на домашните проблеми
- Да се искористуваат терористичките напади во Париз, но и речиси секојдневните терористички напади надвор од Европа со актуелниот бран на бегалци како директна причина за тероризам е политичка манипулација. Всушност, тоа им одговара на намерите на терористите, рече Киска.
Според него, претпазливоста и стравот, не би требало да се користат за да господарат при донесувањето на одлуките.
Киска се осврна и на претстојните парламентарни избори во март, кои за него претставуваат гласање за тоа ,,што треба дома да почне да се движи", потенцирајќи го пред се здравството, образованието, каде според него државата има недостатоци.
Ново на Сител
-

Брисел ѝ подава рака на Србија – Ќе го смени ли Белград курсот?
-

Тема на денот со Илија Димовски
-

По цели 14 години Вучиќ оди во опозиција, студентите славеа до доцна во ноќта
-

По цели 14 години Вучиќ оди во опозиција, студентите славеа до доцна во ноќта
-

Честитки за студентите, препукувања меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ
-

Бугарија избира претседател во втор круг
-

Дурмиши: Потрошувачката кошничка е намалена - ССМ: Не ни покажаа како пресметале
-

Собранието ја отфрли интерпелацијата за Божиновска
